10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стано: ЕУ ја поздравува забраната за летот на Лавров над Црна Гора

Европската унија ја поздравува практичната примена на рестриктивните мерки на Црна Гора против Русија, што се покажа со забраната за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјавил портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, пренесуваат агенциите.

„Го поздравуваме целосното усогласување на Црна Гора со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, вклучително и рестриктивните мерки и нивната практична примена, што се покажа во забраната за прелети на авионот Лавров“, изјавил Стано за Црногорската телевизија.

Според црногорски портали, тој потсетил дека ЕУ и бројни земји применуваат санкции кои им забрануваат на руските авиони да летаат над нивна територија, а исто така спроведуваат забрани за патување за поттикнувачите на војна и поединци како Лавров.

Запрашан да ги коментира заканите кон земјите кои го забранија летот на авионот, Стано рече дека не гледа причина да коментира за несоодветните забелешки.

„Не гледаме апсолутно никаква причина да ги коментираме несоодветните закани и забелешки на некој од списокот со санкции на ЕУ, бидејќи тој е еден од најгласните промотори и поддржувачи на нелегалната руска агресија врз Украина и поради неговиот постојан ангажман во активности за дезинформација“, истакнал Стано.