10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: Како ДУИ го користеше и како го „купи” објектот кај Телеком!?

Аднан Незири од Алијанса за Албанците, на прес-конференција рече дека Демократската унија за интеграција купила зграда во градот и тоа, според него, отвора сомнежи и потреба Обвинителството да поведе истрага.

„Се наоѓаме пред зградата која неодамна ја купи Демократската Унија за Интеграција, со што стана една од најпрофитабилните партии или единствена во време кога граѓаните и многу компании се соочуваат со тешка економска криза. Набавката на зградата на три спрата и со површина од 1400 метри квадратни отвора многу сериозни сомнежи, кои претставуваат предмети за работа на истрагата и обвинителството.
Медиумските истражувања дознаваат дека овој објект бил во сопственост на приватна фирма, која потоа го продала на втора фирма, за на крајот да го купи ДУИ“, истакна Незири.

Од компанијата, како што информира, велеле дека зградата не била изнајмена, а сите тетовци како што рече, се сведоци дека со години таму останува натписот на Унијата на Младите на ДУИ.

„Прашуваме врз која основа ДУИ го користела овој објект во изминатиот период. Фирмата која првично беше сопственик на овој објект е позната како една од најпрофитабилните компании која добила многу тендери од институции раководени од функционери на ДУИ. Од оваа партија рекоа дека за купување на објектот добиле кредит од 900.000 евра кој ќе го вратат за 7 години. Тоа значи дека ДУИ ќе треба да враќа 128 илјади евра годишно, не сметајќи ја тука каматата. Од каде ќе ги добие ДУИ овие пари, од каде се сигурни дека ќе ги обезбеди“, прашува Незири.

„Исто така, сакаме да ја информираме јавноста дека случајно, остатокот или поголемиот дел од овој гигантски објект е во сопственост на Македонска пошта и компанијата Телеком, која во Македонија влезе како инвестиција на компанијата Маџар Телеком. Каква случајност!?“, потенцира Незири.

Спонзорирано: