12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Резников: Војната во Украина најверојатно ќе трае до крајот на годината

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека е тешко да се предвиди кога ќе заврши војната во неговата земја.

Сепак, тој рече дека неговата оптимистичка оценка е дека тоа може да се случи до крајот на годината.

Резников рече дека на украинските сили сè уште им е потребно тешко оружје, пред се повеќе ракетни системи, како и друго артилериско оружје, тенкови, проектили и противвоздушна одбрана, пренесува Си-Ен-Ен.

„ Потребни ни се брзо и во количини сразмерни на размерите на заканите. Украина се најде во воена состојба без соодветна поддршка од демократскиот свет“, рече тој.

Исто така, украинскиот министер додаде дека Украина ја сменила својата филозофија во набавката на оружје и дека сега наместо на противтенковски и противвоздушни мобилни системи, се фокусирала на тешкото оружје, бидејќи природата на војната е променета.