17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Вучиќ денеска полага заклетва во Народното собрание за втор мандат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска полага заклетва во Народното собрание за вториот претседателски мандат, а за 11 часот е закажана посебна седница на Парламентот.

На седницата ќе биде презентиран извештајот на Републичката изборна комисија за резултатите од гласањето, а со полагање заклетва Вучиќ и официјално ќе го започне вториот мандат.

Имајќи предвид дека новото свикување на парламентот се уште не е конституирано бидејќи не се завршени изборните дејствија, заклетвата ќе биде пред актуелното свикување на Собранието, што не е пречка бидејќи Законот за претседател на Србија вели дека доколку Националното собрание не е на редовна седница, претседателот на Србија положи заклетва.

Текстот на заклетвата е наведен во Уставот. Вучиќ на 3 април победи во првиот круг од редовните претседателски избори со 58,59 отсто од вкупните гласови.

Неговиот прв мандат започна на 31 мај 2017 година, кога свечено положи заклетва во Домот на Националното собрание.