17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација/Pixabay
СВЕТ

Во Полска се преврте училиштен автобус, пет лица повредени

Најмалку пет лица се повредени денеска кога училиштен автобус со 20-ина ученици се излизгал од патот и паднал во канал во јужна Полска, соопшти локалната полиција.

Три лица се хоспитализирани по несреќата кај селото Розток, а повредените не се во животна опасност, додаваат властите.

Во автобусот имало 23 деца на возраст од 12 и 13 години, како и тројца учители и еден возач, изјави портпаролот на полицијата, Павел Климек, од Трново.