17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран ќе преземе казнени мерки против Грција поради заплената на нафта

Иран одлучи да преземе казнени мерки против Грција поради заплената на иранска нафта кај грчкиот брег, објави „Ноур њуз“.

„Ноур њуз“ – близок до највисокиот ирански орган за државна безбедност, не објави какви мерки ќе преземе Иран.

Претходно Иран го повика швајцарскиот амбасадор, кој ги застапува американските интереси во Техеран, да реагира против американското запленување на иранска нафта од брод со кој управувала Русија во близина на Грција, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи што го пренесуваат иранските медиуми.

Спонзорирано: