24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Претседателот на Србија правеше скара со претседателот на Европскиот совет (ФОТО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на социјалните мрежи објави фотографија со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Оваа фотографија не ја очекувавме. Видно расположени, двајцата заедно печеа ќебапи на скара.

„Заедно подготвувавме ќебапи. Ви благодариме Шарл Мишел за посетата и за поддршката на европската иднина на Србија!“, напиша Вучиќ во описот на фотографијата на Инстаграм.

Да потсетиме, Вучиќ рече дека идејата на Мишел и францускиот претседател Емануел Макрон за геополитичка заедница на европско ниво ја смета за голема и важна работа. По посетата на Белград, Шарл Мишел пристигнува во БиХ.

Во петок, на 20 мај, тој ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ.