20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешен командант: НАТО мора да се подготви за војна

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус вчера кажа дека руските сили ќе бидат протерани од Украина, додека поранешниот заменик командант на НАТО за Европа, генерал Ричард Ширеф, изјавил дека тоа е „апсолутно вистинскиот пристап“.

Генералот Ширеф предупредил дека рускиот претседател Владимир Путин на тоа би можел да одговори со агресија, но посочил дека ескалацијата е неопходна за да се покаже дека Западот е сериозен.

„Војната со Русија е најлошото сценарио, но подготвувањето за најлошото сценарио веројатно би можело да го одврати Путин, бидејќи на крајот Путин ја почитува само силата“, заклучил генералот.