23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајна несреќа во Гостивар – две лица се тешко повредени

Вчера во 15.55 часот било пријавено дека на ул.“Беличица“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од Д.С.(41) од Гостивар и товарно возило „рено“, управувано од Ќ.С.(43) од с.Србиново, и двете со гостиварски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ќ.С., а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Ш.А.(42) од с.Беловиште и возачот Д.С., констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.