17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Зеленски: Руската нафта мора да биде целосно санкционирана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави новиот бран санкции против Русија, но рече дека тие не се доволни, пренесува Би-би-си.

Во своето последно видео обраќање, Зеленски го повика Западот да оди понатаму и да ја бојкотира употребата на руската нафта. Тој рече дека неуспехот на договорот за ембарго ги чини животите на украинскиот народ.

Русија е трет по големина производител на нафта во светот, а повеќе од половина од нејзиниот извоз оди во Европа. Зеленски рече дека Кремљ заработува толку многу пари од извозот на нафта што не чувствува потреба сериозно да ги сфати мировните преговори.