16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Европскиот парламент ја прекинува соработката со руската научна заедница

На седницата во Стразбур пратениците на Европскиот парламент го поддржаа ставот дека ЕУ треба да ја прекине соработката со руската научна заедница и да ја прошири со украинската.

„Прекинуваме секаква соработка со Руската академија на науките во рамките на проектот ‘Хоризонт Европа’“, изјави еврокомесарката за иновации, култура, образование и млади, Марија Габриел.

Таа додаде дека што се однесува до постојните договори, сите исплати од средствата се прекинати.

„Им предложивме на земјите членки на ЕУ да ги прекинат краткорочните договори со Русија и Белорусија“, рече таа.

Нагласи дека Европската комисија сега ги поддржува научните институции во Украина.

„Украина сега е вклучена во листата на земји што може да добијат средства“, објаснуава Габриел.

Соработката меѓу земјите мора да се заснова на еднаквост и почитување на академската слобода, човековите права и меѓународното право, се вели во резолуцијата.

Спонзорирано: