10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Повеќе од 7 милиони луѓе се раселени во Украина, соопштија ОН

Бројот на внатрешно раселените лица во Украина се искачи на повеќе од 7,1 милион, според Меѓународната организација за миграција.

„Луѓето сè уште ги напуштаат своите домови поради војната, а хуманитарните потреби на теренот продолжуваат да растат“, рече генералниот директор на организацијата, Антонио Виторино.

Според анкетите, повеќе од една третина од раселените домаќинства минатиот месец биле без приходи. Повеќе од половина од домаќинствата имале деца и постари лица кои живееле со нив. Хронично болните пациенти живееле во 30 проценти од домаќинствата.

Бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина и заминале во други земји од почетокот на руската инвазија се искачи на 4,2 милиони, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за бегалци на ОН.