14.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голема рација во Германија, уапсени неонацисти

Германските инспектори претресоа повеќе од 60 објекти поврзани со неонацистите низ Германија, при што уапсија четири лица.

„Беа претресени објекти во единаесет провинции и четири лица се уапсени – тројца во Ајзенах во Тирингија и едно во Ротенбург во Хесен“, соопшти државното обвинителство во Карлсруе.

Уапсените припаѓаат на раководството на радикалната десничарска Нокаут група 51, која е под надзор на Канцеларијата за заштита на уставниот поредок.

Во рамките на оваа група, „под маската на тренинг за боречки вештини“, се собираат младите луѓе свртени кон националсоцијалистичката идеологија, пренесуваат тамошните медиуми.

Во Ајзенах групата се обиде да воведе „нацистички кварт“ и организираше патроли за време на кои беа нападнати членови на левичарската сцена. Други претреси се поврзани со неколку други десничарски екстремистички групи.

Целта на овие групи, според соопштението на обвинителството, е собирање поддржувачи со цел подготовка на терористички напади како дел од расната војна, како и уништување на демократските системи.

Во акцијата учествувале повеќе од 800 полицајци, а во истрагата била вклучена и воената разузнавачка служба. Според последните податоци за 2020 година, бројот на злосторства со десничарска екстремна позадина е во пораст.