18.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Во ракетниот напад врз Миколајив загинаа 12, а ранети се 33 лица

Бројот на загинати во ракетниот напад врз седиштето на регионалната управа во градот Миколајив на југот на Украина се искачи на 12, додека 33 лица се повредени, соопшти денеска итната помош.

„Од под урнатините извлечени се 12 тела, а повредени се 33 лица“, наведе итната служба на „Телеграм“, а пренесува „Гардијан“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека седум лица загинале во ракетен напад врз седиштето на регионалната администрација во Миколајив, а 22 лица се повредени.