17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Можно е Кремљ да купува време пред најжестокиот напад, вели поранешен руски министер

Андреј Козирев, кој беше министер за надворешни работи на Русија од 1990 до 1996 година, ја понуди својата анализа за ветувањето на Русија драстично да го намали интензитетот на воените операции околу Киев и Чернигов.

„Добрата вест од руско-украинските разговори во Истанбул не е дека Путин одеднаш дејствува со добра волја, туку дека херојскиот украински отпор го принуди да бара други решенија и дипломатска измама“, напиша Козирев на „Твитер“.

Козирев, кој инаку е жесток критичар на инвазијата на Путин на Украина, напиша дека ветувањето на Москва за драстично намалување на интензитетот на војувањето може да биде маневар на Русија да купи време, а потоа да нападне што е можно пожестоко.

„Режимот на Путин го разбира јазикот на силата и само на силата. Соочен со пораз кај Киев, Путин сега се врти кон дипломатијата и конвенционалните воени маневри, а не кон тактичките нуклеарни бомби“, напиша Козиров.

Западот и Украина се крајно скептични кон ветувањето на Русија, а украинските власти објавија дека нападите на Чернигов траеле цела ноќ.

Козирев го предупреди Западот дека не треба да се плаши од испраќање оружје во Украина или дополнителни санкции против Русија додавајќи дека Путин досега се обложувал на слабоста на Украина и на Западот.

Спонзорирано: