10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Терористички напад за време на посетата на Блинкен: Убиени двајца полицајци во Израел

Двајца арапски напаѓачи синоќа убија двајца полицајци на улица во Израел и беа застрелани, а американскиот државен секретар Ентони Блинкен и тројца арапски министри за надворешни работи ја посетија земјата на самитот.

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во соопштение објавено на нејзиниот профил на „Телеграм“.

Двајцата напаѓачи во Хадера, град на 50-ина километри северно од Тел Авив, биле арапски државјани на Израел и симпатизери на групата, соопштија израелските безбедносни претставници.

„Го осудуваме денешниот терористички напад во Хадера, Израел. Во општеството нема место за вакви бесмислени акти на насилство и убиства. Стоиме покрај нашите израелски партнери и им изразуваме сочувство на семејствата на жртвите“, напиша американскиот државен секретар Ентони Блинкен, на „Твитер“.