17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Ново зголемување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 % во однос на одлуката од 25.3.2022 година.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „евродизелот“ (Д-Е V) се зголемуваат 1,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на „евросуперот БС-95“ изнесува 83,50 ден./л, малопродажната цена на „евросуперот БС-98“ изнесува 85,50 ден./л, а малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) изнесува 87,50 ден./л.

Малопродажната цена на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 3,00 ден./л, малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,140 денар/кг и со тоа малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 84,00 ден./л, а на „мазутот М-1 НС“ изнесува 57,347 ден./кг.

Од 29.3.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 83,50 (денари/литар)

– моторен бензин -„евросупер БС-98“ – 85,50 (денари/литар)

– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 87,50 (денари/литар)

– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 84,00 (денари/литар)

– „мазут М-1 НС“ – 57,347 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,788 % или за 19,150 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 2,412 % или за 28,700 $/тон, кај екстра-лесното масло зголемување во просек за 2,184 % или за 24,450 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за речиси 2,268 % или за 16,200 $/тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период во просек изнесува 56,0533 ден/$ и е за околу 0,133 % повисок од курсот на доларот (55,9790 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Спонзорирано: