27.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Украински извори: Досега убиени 17.000 руски војници, уништени 586 руски тенка, 1.694 оклопни борбени возила, 302 артилериски системи, 123 авиони, 127 хеликоптери, 54 противвоздушни системи и седум брода

На јутјуб-профилот на копнената армија на Украина е објавено анимирано видео во кое се исмејува руската армија.

На цртаниот филм се гледаат група ракови во шлемови со украинско знаме и галеб со буквата „З“ кои се обидуваат да ги нападнат. Кога ќе нападнат, раковите се собираат и го одбиваат галебот, кој останува поразен и лежи на земјата.

Претходно денеска, Генералштабот на вооружените сили на Украина објави нови податоци за наводните руски воени загуби.

Тие тврдат дека Русите изгубиле 17.000 војници од почетокот на инвазијата на 24 февруари до денес.

Тие додаваат дека нивните сили уништиле 586 руски тенка, 1.694 оклопни борбени возила, 302 артилериски системи, 123 авиони, 127 хеликоптери, 54 противвоздушни системи и седум брода.