18.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руски новинар загина во гранатирање на Киев

Руски новинар загина за време на гранатирањето на главниот град на Украина Киев од страна на руските сили. Оксана Баулина известувала од Киев и западниот град Лавов за истражувачката веб-страница The Insider, се вели во соопштението.

Таа почина додека ја снимаше штетата во градскиот кварт Подил. Инаку, Баулина претходно работеше за антикорупциската фондација на руската опозиција Алексеј Навални, а претходно ја напушти Русија.

Минатата година властите ја прогласија фондацијата за нелегална и екстремистичка, поради што многу нејзини вработени избегаа во странство.

Во гранатирањето уште едно лице загина, а двајца се повредени, пишува Инсајдер. Баулина е една од петте новинари за кои се знае дека биле убиени во изминатиот месец од војната.

(фото Оксана Баулина, Фејсбук)