14.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Испраќањето мировници во Украина би имало сериозни последици

Русија го предупреди НАТО дека ќе се соочи со сериозни последици доколку се согласи да испрати мировници во Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, предупреди дека тоа ќе биде многу непромислена и крајно опасна одлука.

Според „Гардијан“, тој рекол дека секој можен контакт меѓу Русите и силите на НАТО може да има последици кои тешко би се поправиле.

Полска најави дека официјално ќе испрати предлог за испраќање мировна мисија во Украина на следниот самит на НАТО.

Американскиот претседател Џозеф Бајден отпатува за Европа на вонредниот самит на НАТО што ќе се одржи утре во Брисел.

„Ројтерс“ наведува дека овој предлог денеска го критикувал и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Тоа би бил директен конфликт меѓу Русија и вооружените сили на НАТО, кој сите се обидуваат да го избегнат, а тоа не треба да се случи“, рече тој.