12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Украина одговори на ултиматумот на Русија

Руското Министерство за одбрана испрати ултиматум со кој бара итно предавање на Мариупол, Украина одговори.

Ирина Верешчук, вицепремиер и шеф на Министерството за реинтеграција на привремено окупираните територии, вели дека во руското писмо има „осум страници со враќање на историјата и други глупости“.

„Истото писмо беше испратено до ОН и до Меѓународниот комитет на Црвениот крст, со надеж дека меѓународните организации ќе реагираат и ќе почнат да вршат притисок врз Украина. Тоа не се случи“, нагласи таа.

Верешчук вели дека не може да се зборува за предавање или склопување оружје.

„За тоа веќе ја информиравме руската страна. Напишав: „Наместо да потрошите осум страници писма, отворете коридор“, објасни таа.