12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Децата бегалци од Украина се во опасност да станат жртви на трговија со луѓе

Децата кои бегаат од Украина за време на руската инвазија се во опасност да станат жртви на трговија со луѓе, изјави денеска еврокомесарот за миграција, Илва Јохансон.

Јохансон на прес-конференција во Естонија изјави дека околу половина од 3,3 милиони Украинци кои побегнале во земјите на ЕУ од почетокот на војната се деца, а се очекува и повеќе.

Украина има голем број сирачиња и деца родени од сурогат мајки кои не биле прифатени од нивните родители, а тоа го зголемува ризикот тие да бидат киднапирани или да станат жртви на принудно посвојување, рече еврокомесарот.

„Постои огромен ризик ранливите деца да бидат жртви на трговија со луѓе“, нагласи Јохансон.

Таа напомена и дека досега имало многу малку деца без придружба регистрирани на границите на ЕУ, а само неколку пријавени случаи на трговија со луѓе.

Сепак, полициските сили, активистите и украинските невладини организации укажуваат на некои алармантни случаи, рече Јохансон, истакнувајќи дека во претходните ситуации на масовна миграција, ваквите злоупотреби биле вообичаени.