20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Светската програма за храна предупредува за прекин на синџирите на снабдување во Украина

Претставник на Светската програма за храна изјави дека синџирите за снабдување со храна во Украина се во неред, предупредувајќи дека дел од инфраструктурата е уништена и дека продавниците и магацините се празни.

„Синџирот на снабдување со храна во земјата се распаѓа. Движењето на стоки е забавено поради несигурноста и двоумењето на возачите“, рече Јакоб Керн, координатор за итни случаи на Светската програма за храна за кризата во Украина.

Тој изрази загриженост за ситуацијата во околните градови како што е Мариупол, додавајќи дека резервите на храна и вода се при крај и дека нивните конвои не можат да влезат во градот. Оваа организација купува половина од залихите на жито од Украина, а Керн потсетува дека по руската инвазија на Украина, цените нагло скокнаа.

„Со рекордно високите глобални цени на храната има загриженост за влијанието на украинската криза врз светската безбедност на храната, особено во местата погодени од глад“, рече Керн. Поради инфлацијата и украинската криза, светската програма за храна плаќа дополнителни 71 милион долари секој месец за храна.

„Сега ги менуваме добавувачите, но тоа се одразува на цените. Колку подалеку купувате, толку станува поскапо“, рече Керн.