14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лавров предупредува: Секоја воена помош за Украина е цел на руската армија

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека сите испораки што вклучуваат воена помош за Украина стануваат цел и на руската армија.

„Јасно ставивме до знаење дека сите оние испораки што пристигнуваат во Украина, а за кои веруваме дека се оружје, ќе бидат легални цели за пукање“, додаде рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Имено, Словачка изрази подготвеност да испрати системи за противвоздушна одбрана „С-300“ во Украина штом добие замена воена опрема од Америка или сојузниците од НАТО.

„Би сакал да ги потсетам сите земји што воопшто размислуваат за таква идеја – советското и руското оружје се таму исклучиво во согласност со меѓувладините договори и договори што имаат одредени сертификати за употреба. Токму овие сертификати забрануваат испраќање на ова оружје во трети земји. Можам само да додадам дека нема да дозволиме тоа да се случи“, нагласи шефот на руската дипломатија.