20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кинескиот претседател во разговорот со Бајден: Конфликтите не се во интерес на никого

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг денеска за време на разговорот со американскиот претседател, Џо Бјаден, изјавил дека конфликтите и конфронтациите не се во интерес на никого, пренесоа кинеските државни медиуми.

Тој посочил дека мирот и безбедноста се најценетите богатства на меѓународната заедница.

Шји на американскиот колега му порачал дека односите меѓу државите не можат да влезат во фаза на конфронтација, објавија кинеските државни медиуми.

Претходно британската новинска агенција објави дека се очекува Бајден да го предупреди Шји дека ќе ја плати цената доколку ги поддржи руските воени акции во Украина.

Агенцијата потсетува дека официјален Вашингтон веќе им се закани на функционерите на кинеската влада на пониско ниво дека поголема поддршка за Русија може да доведе до изолација на Кина.

Ова е прв разговор меѓу двајцата лидери од ноември, што, според портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, ќе биде можност за Бајден да процени кои позиции ги има претседателот Шји.