12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Залутаните дронови висок ризик војната во Украина да се прелее и во земјите на НАТО

Минатата недела, беспилотно летало прелета повеќе од 563 километри подалеку од западната граница на Украина пред да се урне во Хрватска, земја членка на НАТО. Дронот носел бомба, соопштија хрватските власти, а сè уште не е јасно дали тоа им припаѓа на украинските или руските сили.

Уште еден дрон неодамна навлезе во воздушниот простор на Романија, јужно од Украина. И во вторникот, украинската војска соопшти дека соборила руско беспилотно летало кое повторно влегло во Украина преку полскиот воздушен простор.

Трите инциденти со беспилотни летала ја засилија загриженоста дека руската војна во Украина може да се прелее во земјите на НАТО, дури и ако ненамерно, принудувајќи ја Алијансата да одлучи како да одговори на инцидентите што се случуваат внатре во нејзините граници, анализира Си-Ен-Ен.

Американските одбранбени претставници велат дека беспилотни летала кои влегле на територијата на НАТО биле главно ненамерни. Од почетокот на руската инвазија, американската војска воспостави линија на деконфликт со Русија за да го намали ризикот од погрешна пресметка и да се погрижи двете војски кои работат толку блиску да не се судрат ненамерно. Според висок претставник на одбраната, САД ја тестирале линијата „еднаш или двапати дневно“, но досега тоа не било потребно.

Но, НАТО неуспешно се обиде да се поврзе со Русија преку телефонска линија за деконфликт. „Секако, се обидуваме да комуницираме со нив“, изјави еден од официјалните лица на новинарите на брифингот во седиштето на НАТО. „Но, потребни се две страни за да комуницираат.

Русија ја приближи борбата до портите на НАТО минатиот викенд со прецизно наведувани ракетни напади во близина на Лавов во западна Украина, на само 16 километри од границата со Полска. Овие напади се случија еден ден откако руски официјални лица им се заканија на конвоите кои обезбедуваат оружје за Украина од Запад.