17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Нова голема загуба за русите: Украинците тврдат дека убиле уште еден важен руски генерал

Украинските сили во средата објавија дека го убиле четвртиот руски генерал Олег Митјаев, командант на 150-та моторизирана дивизија на руската армија.

Митјаев, наводно, бил убиен во вторникот за време на напад на градот Мариупол, изјави советникот на украинското Министерство за внатрешни работи Антон Херашенко, кој објави фотографија во групата Телеграма на која се гледа телото на убиениот генерал.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на синоќешното обраќање рече дека е убиен уште еден руски генерал, но не именуваше кој.

Да потсетиме, денеска е 21-виот ден од руската инвазија на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на Украина и Русија во мировните преговори звучат пореални, но потребно е повеќе време.

„Состаноците продолжуваат и, информиран сум, позициите за време на преговорите веќе звучат пореални. Но, сепак треба време за одлуките да бидат во интерес на Украина“, рече Зеленски во обраќањето на видеото објавено рано во средата.