17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинскиот преговарач: Разговараме за прекин на огнот и повлекување на руските војници

Киев и Москва денеска ја продолжија четвртата рунда преговори, соопшти шефот на украинската преговарачка делегација, Михаил Подољак, информирајќи дека на дневен ред се преговорите за прекин на огнот.

„Консултациите почнаа. Општи одредби на дневен ред. Прекин на огнот, повлекување на војниците од нашата територија“, напиша Подољак, кој е и советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Четвртата рунда разговори почнаа во понеделникот со видеоконференција, но делегациите најавија техничка пауза и соопштија дека ќе продолжат во вторник. Изјавите на двете делегации во последните денови беа со благ оптимизам.

Советникот на украинскиот претседател, Олексиј Арестович, изјави во понеделникот вечерта дека војната во Украина веројатно би можела да заврши на почетокот на мај кога Русија ќе снема ресурси за напад. Претседателот Зеленски рече дека Русите „почнале да сфаќаат дека нема да постигнат ништо со војна“.

Во меѓувреме, руските сили продолжуваат да ги бомбардираат украинските градови. Најмалку четири лица загинаа во воздушните напади врз Киев во вторникот.

Спонзорирано: