17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гостиварец им се заканувал на сопругата и на децата дека ќе ги заколе

Гостиварското Обвинителство поднесе обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста.

„Обвинетиот 43-годишен гостиварец, вршејќи семејно насилство, во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС-пораки, им се заканувал на ќерката и на сопругата, со кои извесен период не живеел заедно. На 8 март тој и лично дошол пред станот во кој престојувала сопругата со нивните три деца, ѕвонел на домофонот и по кратка расправија, ѝ се заканил дека сите дома ќе ги заколе“, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​​

Спонзорирано: