21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото: Whitehouse.gov/Flickr
СВЕТИЗБОР

Бајден следната недела доаѓа во Европа

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе им се придружи на лидерите на Европската Унија на нивниот самит во Брисел следната недела, соопштија извори од Европскиот совет.

Лидерите на земјите членки ќе се соберат в четврток и в петок на 24 и 25 март на нивниот редовен самит. Бајден треба да им се придружи в четврток, соопшти изворот.

Ден претходно, в среда, на 23 март, се очекува американскиот претседател да учествува на вонреден самит на земјите членки на НАТО, кој исто така ќе се одржи во Брисел.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, денеска одби да каже дали американскиот претседател ќе отпатува во Полска, како што објавија некои медиуми, кога следниот четврток ќе ја посети Европа.

Псаки, исто така, одби да каже дали Бајден ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека во моментот нема ништо за тоа.

„Но, сега вистинскиот фокус е на средбата со партнерите од НАТО во Брисел. Доколку има дополнителни чекори, ќе ги споделиме сите тие детали со вас“, рече портпаролката.