18.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

После четири дена обновено е напојувањето на нуклеарната централа Чернобил

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко денеска изјави дека е повторно воспоставено снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа во Чернобил, пишува Ројтерс.

Пред четири дена руските сили ја исклучија нуклеарната централа Чернобил од националната електрична мрежа, оставајќи ја без струја.

„Поради воените активности на руските окупатори, нуклеарната централа Чернобил е целосно исклучена од електричната мрежа. Нуклеарната централа е без струја. Воените акции се во тек и нема можност за обновување на струјата. Украинската државна енергетска компанија стоеше во соопштението на Укренерго.

Руското Министерство за одбрана еден ден подоцна соопшти дека се согласило на украинскиот тим за поправка да му дозволи пристап до далноводите во областа околу нуклеарната централа Чернобил.

Украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко пред неколку дена изјави дека украинските власти не го знаат нивото на радијација околу нуклеарната централа Чернобил, бидејќи немаат податоци што се случува таму откако нуклеарната централа беше преземена од руските сили.

Нуклеарната централа Чернобил не е активна, но и понатаму бара повеќе од 200 работници дневно, пренесува „Индекс“.