12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Приватна клиника во Минхен објави дека нема да лекува руски и белоруски пациенти

Приватна клиника во Минхен објави дека повеќе нема да лекува руски и белоруски пациенти.

Силна изјава за поддршка на украинските жртви на војната – тоа наводно било идеја на раководството на клиниката Јатрос. Сепак, најавата предизвика голема бура наместо чувство на солидарност кон Украинците, пишува РТЛ.

Во писмо од минатиот петок (4-ти март), приватната клиника во Минхен, меѓу другото, соопштила: „ Најостро ја осудуваме инвазијата на руската армија со помош на белоруската влада. Затоа, отсега нема да ги третираме руските и белоруските граѓани“.

Оваа реченица предизвика критики на социјалните мрежи. Наместо солидарност, илјадници корисници видоа расизам и дискриминација во објавата.

Клиниката не остави без одговор бројни негативни критики на Гугл и коментари на Фејсбук. Приватната клиника на својата веб-страница објави нов оглас. Во него се вели: „ Нашата намера беше да покажеме сочувство за украинскиот народ“.

Останува да видиме дали одлуката ќе биде укината.

„ Ние сме далеку од дискриминација или исклучување на пациентите поради нивното потекло. Се извинуваме што оставивме ваков впечаток“, се вели во соопштението.