22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Порошенко го нарече Путин воен злосторник

Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко го нарече воен злосторник претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и изјави дека Украина ќе продолжи да се бори.

Порошенко рече дека украинските сили нема да се откажат и дека се проценува дека руските војници се оддалечени околу 40 километри од Киев.

„ Ве молам, не верувајте му на Путин, не и верувајте на Русија. Мислам дека Путин е воен злосторник. Тој е луд“, изјави Порошенко во интервју за Си-Ен-Ен во Киев.

Тој рече дека, иако украинските сили имаат се помалку муниција, тие немаат намера да се откажат.

„ Ние не му простуваме на Путин за такви работи и јас сум апсолутно убеден дека ќе се бориме во секоја куќа, секоја улица и секое маало, во Киев, во Харков – во сите градови ќе направиме пекол за руските војници и на крајот за Путин“, рече Порошенко.

Тој истакна дека само пет нации ја поддржуваат Русија, додека 141 земја ја поддржуваат Украина, мислејќи на гласањето во Генералното собрание на ОН за руската инвазија.

Порошенко изрази уверување дека Украина ќе стави крај на Руската империја.

Спонзорирано: