12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кралицата Елизабета нема да присуствува на службата на Комонвелтот

Британската кралица Елизабета Втора нема да присуствува на богослужбата на Комонвелтот в понеделник, објави Бакингемската палата, што требаше да биде прв јавен ангажман на 95-годишната кралица по советите на лекарите да одмора по прележувањето на коронавирусот.

Кралицата побара од принцот од Велс да го претставува нејзиното височество во службата на Комонвелтот во Вестминстерската опатија, се вели во соопштението на Бакингемската палата.

Кралицата ќе продолжи со другите планирани ангажмани следната недела, се наведува во соопштението.