17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

За два дена од Киев и Суми се евакуирани 80.000 луѓе

Вкупно 80.000 луѓе за два дена успеаја да побегнат преку хуманитарни коридори од регионите Киев и Суми.

Вкупно 60.000 луѓе го напуштиле североисточниот град Шуми и неговата околина од вторникот, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук. 20.000 луѓе ги напуштија областите северозападно од украинскиот главен град Киев, кои претрпеа тешки руски бомбардирања.

Верешчук додаде дека 3.000 едвај биле евакуирани од Ижум, во близина на опколениот источен град Харков.

Вкупниот број на луѓе евакуирани од тешко погодените украински градови е близу 400.000, според министерот за внатрешни работи на Украина.

фото ДСНС