17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Вознемирувачко видео: Работниците ги фрлаат телата на загинатите во масовни гробници во Мариупол

Градските власти на Мариупол ископале ров на старите градски гробишта со цел да ги закопаат мртвите кои никој не можел да ги собере со денови.

На видеото кое го објави Радио Слободна Европа се гледа ров на старите гробишта, на кои во моментов има 70 мртви. Половина биле убиени со гранатирање на градот, а некои умреле од природна смрт.

– За деветте дена од опсадата загинаа 1.200 – тврди Киев.

Преживеаните чекаат во редици за вода, долго време нема греење, а храната исчезнува, пишува Радио Слободна Европа.

Погледнете го вознемирувачкото видео.