17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Се обидуваме да го вратиме снабдувањето со електрична енергија во „Чернобил“

Украинскиот министер за енергија, Херман Халушенко, изјави дека земјата прави сѐ што е во нејзина моќ за да го врати снабдувањето со електрична енергија во „Чернобил“ што е можно побргу.

Министерот истакна дека е потребна електрична енергија за одржување на механизмите за ладење во складиштето на потрошеното нуклеарно гориво, пренесува Си-ен-ен.

Халушенко објасни дека има неколку далноводи за електраната, а последниот е уништен како резултат на гранатирање цивили вчера.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека добила известување од Украина дека „Чернобил“ останал без струја, но дека не гледа оти е загрозена безбедноста на електраната.