17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шведскиот министер за одбрана: „Нема да влеземе во НАТО“

По неколкудневните шпекулации за влез во НАТО, стигна објаснување од Шведска.

Шведскиот министер за одбрана, Петер Хултквист, денеска изјави дека неговата земја нема да влезе во НАТО сѐ додека тој е министер за одбрана, јавува „Анадолија“.

Хултквист за шведската државна телевизија СВТ потсети дека и во ноември минатата година рекол оти Шведска никогаш нема да стане членка на НАТО додека тој е министер за одбрана.

„Сега го имам истото мислење. Сега го кажувам истото тоа, но без да го користам зборот ‘никогаш’. Ситуацијата во која се најдовме ме научи да не го користам зборот ‘никогаш’“, рече тој.

Министерот нагласи дека Шведска не планира членство во НАТО поради безбедноста на регионот.

„Членството на Шведска во НАТО би значело фундаментална промена во безбедносниот концепт. Тоа би влијаело на безбедноста на нашата непосредна околина“, рече Хултквист.