15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков: Секој што вооружен ќе нападне наш војник станува мета

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој им се дозволува на сите граѓани на Украина да користат оружје за време на војната, а од Москва стигна предупредување дека секој што ќе ги нападне нивните војници ќе стане мета.

„Ако некој нападне војник на Руската Федерација, а тој има оружје во рацете, тој станува мета“ – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков го коментираше и повлекувањето на Русија од Советот на Европа и рече дека тоа значи и повлекување од сите нејзини институции.

Зборувајќи за средбата меѓу Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба во Турција, Песков рече дека Киев постојано предлага средба меѓу Путин и Зеленски.

Прашањето сега го разгледуваат министрите за надворешни работи на Русија и Украина – рече Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така истакна дека ваква економска војна досега не била водена против Русија.

„Ситуацијата е без преседан, не вреди да се даваат прогнози, потребни се мерки“ – рече Песков.

Зборувајќи за бомбардирањето на породилиштето во Мариупол, Песков рече дека Кремљ сè уште нема информации што точно се случило и дека чекаат воен извештај.

„ Ќе ја прашаме нашата армија, бидејќи, се разбира, немаме точни информации што се случило таму, а нашата армија секако ќе ги даде тие информации“ – рече Песков.