10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Фон дер Лаен: Ова е одлучувачки момент за Европа

Лидерите на ЕУ почнаа да пристигнуваат во Версајската палата во Париз на самит на кој ќе се разговара за тоа како да се намали зависностa од руската енергија и како да се зајакнат политичката и моралната поддршка за Украина.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изјави за новинарите дека војната на Путин е одлучувачки момент за Европа.

„На овој самит ќе ја преиспитаме европската одбрана. Ќе ја преиспитаме енергијата. Треба да се ослободиме од нашата зависност од руските фосилни горива, а за тоа ни се потребни големи инвестиции во обновливите извори на енергија. Ова е исто така стратешка инвестиција во нашата безбедност и независност“, додаде таа.

„Ние исто така сигурно ќе зборуваме за Украина како дел од нашето европско семејство. Сакаме слободна и демократска Украина со која делиме заедничка судбина“, рече претседателката на Европската комисија.