Centar.mk
БИЗНИС

Српската влада привремено забрани извоз на пченица, пченично брашно, сончогледово масло

Српската влада донесе одлука за привремена забрана за извоз на основните земјоделски прехранбени производи – пченица, пченично брашно, пченка и сончогледово масло.

Дополнително, на неодамна завршената седница беше донесена и уредбата за ограничување на цените на нафтените деривати, која се однесува на „евродизел“ и на „европремиум БМБ 95“, која ќе стапи во сила од утре и ќе важи во наредните 30 дена, до 11 април.

Одлуката е донесена со цел да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, соопшти српската влада, а имајќи предвид дека во претходниот период имаше поскапување на нафтените деривати.

Забраната за извоз во вторникот вечерта ја најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој рече дека нема извоз на нафта, пченица, пченка и брашно и дека ќе има повеќе од доволно за Србија и за регионот.

Против забраната за извоз беа извозниците на пченица и пченка, но и самите земјоделци. Воведувањето извозни квоти го гледаа како најдобро и најрационално решение во моментот, а целосната забрана, како што изјавија за „Данас“, ќе го уништи земјоделството и ќе има несогледливи последици.

Можеби ќе ве интересира

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17-тото издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето  и винската традиција

ДЕСК

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар. Македонија работи на квалитетно регионално поврзување.

ДЕСК

Серафимовски: Започна откупот на тутун по цена од 435 денари за килограм прва класа

ДЕСК