15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авионот на Трамп морал принудно да слета, му откажал моторот

Авионот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп принудно слетал на враќање од донаторски собир на партијата во Њу Орлеанс, велат извори запознаени со овој инцидент, пишуваат светските медиуми.

Инцидентот се случил над Мексиканскиот Залив во саботата вечерта, откако на авионот во кој бил поранешниот американски претседател заедно со советници и членови на тајната служба откажал еден од трите мотори.

Авионот бил во воздух меѓу 20 и 30 минути пред да откаже еден од моторите, а пилотот на приватниот авион решил да сврти и да се врати на аеродромот во Њу Орлеанс, рекол еден од изворите, според новинарските написи.

Авионот полетал од аеродромот во Њу Орлеанс и требало да го пренесе Доналд Трамп до неговата резиденција во Мара-а-Лаго, Флорида, откако учествувал на состанок со некои од најголемите донатори на Републиканската партија.