17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лукашенко потпиша – во Белорусија пристигнува нуклеарно оружје

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја потпиша одлуката за промена на Уставот по референдумот.

На референдумот во Белорусија беше одобрен нов устав, кој дозволува нуклеарно оружје на белоруска територија првпат откако земјата се откажа од него по распадот на Советскиот Сојуз.

Западот претходно најави дека нема да ги признае резултатите од референдумот што се одржува поради општата пресметка со белоруската опозиција и противниците на режимот на Лукашенко. Според активистите за човекови права, во Белорусија во моментот има повеќе од илјада политички затвореници.

Референдумот предизвика антивоени протести во неколку градови. Најмалку 290 лица се приведени, соопштија активисти за човекови права. Масовните протести избувнаа во 2020 година по спорните избори за кои опозицијата тврди дека биле наместени. Откако Лукашенко почна насилна акција против демонстрантите, протестите во голема мера стивнаа.

Зборувајќи на избирачко место во неделата, Лукашенко рече дека може да побара од Русија да ѝ го врати нуклеарното оружје на Белорусија.

„Ако (Западот) пренесе нуклеарно оружје во Полска или Литванија до нашите граници, тогаш ќе му се обратам на Путин да го врати нуклеарното оружје што го дадов без никакви услови“, рече Лукашенко.