22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија: Ќе разговараме со Украина за прекин на огнот

Прекинот на огнот ќе биде на дневен ред на новите руско-украински преговори кои треба да се одржат рано наутро, соопшти Русија, која во исто време продолжува да ги бомбардира украинските градови и за првпат соопшти за 500 загинати војници од почетокот на инвазијата.

Украинските прeтставници, според последните информации, веќе се на пат кон преговарачката локација во Белорусија, за втор круг разговори, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.

Преговорите ќе започнат во утринските часови на место заеднички определено од страните, а се наоѓа недалеку од границата со Полска, изјави рускиот преговарач Владимир Медински.

„Украинската делегација веќе го напушти Киев. Очекуваме да биде овде утре наутро“, рече претставникот.

Првите разговори одржани во понеделникот, исто така во Белорусија, не дадоа опипливи резултати. Киев бараше итен прекин на инвазијата, а Москва се чинеше дека очекува предавање.

Во исто време, Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која се повикува Русија веднаш да престане да користи сила против Украина.

Само пет земји беа против, а 35 беа воздржани, вклучително и Кина, од 193 членки на организацијата.

Спонзорирано: