16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Австралија евакуира десетици илјади луѓе поради поплавите

Десетици илјади Австралијци ги напуштија своите домови, а властите денеска евакуираа една болница бидејќи уште пообилни врнежи го погодија источниот брег.

Тринаесет лица загинаа, а последните четири смртни случаи се забележани во градот Лизмор во Нов Јужен Велс, кој беше најтешко погоден од страшните поплави, кои однесоа многу домови и прекинаа далноводи.

Невремето се очекува да го погоди Сиднеј во текот на денешниот ден, каде што живеат повеќе од пет милиони луѓе, а издадени се предупредувања за можно големо излевање река на запад од градот.

Спонзорирано: