11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русите тврдат дека ја окупирале најголемата нуклеарна централа во Украина

Руските сили сега ја контролираат најголемата нуклеарна централа во Украина, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) цитирајќи информации од Москва.

Руските дипломати во Виена го информираа генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, за случувањата, рече тој во средата.

Според писмото од руската амбасада до МААЕ, персоналот на нуклеарната централа „Запорожје“ продолжува да обезбедува безбедна работа. Се вели дека нивоата на радијација се нормални.

Во Украина, која минатата недела беше нападната од Русија, работат 15 нуклеарни реактори во четири електрани. Гроси веќе предупреди на ризикот од сериозна нуклеарна несреќа додека борбите во земјата продолжуваат.

Управниот одбор на МААЕ треба да се состане в среда за да разговара за ситуацијата.

Претходно, Киев ја информира МААЕ дека е во контакт со сите нуклеарни централи во земјата и дека тие работат нормално.

Според Антон Херашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина, руските сили се обидуваат да заземат и нуклеарна централа во јужна Украина на речиси 350 километри од Запорожје. Во тој правец се упатија неколку хеликоптери.

Руските сили минатата недела зазедоа затворена нуклеарна централа во Чернобил. Имаше мало зголемување на отчитувањата на радијацијата на местото на нуклеарната катастрофа во 1986 година, откако радиоактивната прашина се разнесе поради движењето на воените возила.

Спонзорирано: