17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руски диригент поднесе оставка на функцијата на Фестивалот во Единбург

Реномираниот руски диригент Валери Гергиев беше принуден да поднесе оставка на функцијата почесен претседател на Меѓународниот фестивал во Единбург.

Валери Гергиев, близок пријател и поддржувач на претседателот Путин, беше под притисок да зборува против руската инвазија на Украина, но досега не го осуди потегот.

Во соопштението Фестивалот рече дека неговата оставка стапила во сила веднаш.

Се додава дека одлуката е донесена како поддршка на жителите на Киев.