23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Грузија: Какви санкции кога сме економски зависни од Москва?

Премиерот на Грузија, Иракли Гарибашвили, одбива да воведе санкции кон Русија истакнувајќи дека целото грузиско население тргува со таа земја.
Тој ја критикува радикалната опозиција дека се радува на војната во Украина и бара корист и интерес за себе.

„Нивната цел е да ја повторат трагедијата од која самите не успеаја да ги заштитат нашиот народ и државата“, рече Гарибашвили мислејќи на краткотрајната војна со Русија во 2008 година.

„Во овој процес се вклучени илјадници винари, извозници, земјоделци. Би сакал да поставам прашање – кога станува збор за воведување санкции, што барате од мене? Дали сакате да воведам санкции што ќе му наштетат на мојот народ? Нашиот народ и економијата ќе изгубат приходи, ќе настрадаат милион наши граѓани, кои, на пример, нема да може да префрлаат пари“, наведува премиерот на Грузија.

Тој додава дека Грузија испратила многу хуманитарна помош во Украина.

Водните компании, хидроцентралите, енергетската инфраструктура и речиси сите стратешки објекти во Грузија им беа продадени на руски компании по петдневната војна во 2008 година.

Гарибашвили наведува дека владата на поранешниот претседател Михаил Саакашвили го потпишала и членството на Русија во Светската трговска организација за да се постигне отворање на рускиот пазар.