23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Путин одговорил на барањето на Украина

Според медиумите, преговорите меѓу Русите и Украинците што се водеа во Белорусија, на границата со Украина, влегуваат во третиот круг.

Преговорите, чиј исход го очекува целиот свет, траат повеќе од три часа.

Решението за Украина е можно само ако се земе предвид интересот на Русија, му рекол Путин на Макрон.

Путин му ги претстави на Макрон условите за решавање на ситуацијата во Украина.

– Демилитаризација и денацификација на Украина.
– Нејзин неутрален статус.
– Признавање на рускиот Крим од Киев.

За возврат, Макрон му изрази надеж на Путин за брзо решение на украинскиот конфликт преку дијалог и преговори со Киев, соопшти Кремљ.

Според француската телевизија, разговорот меѓу двајцата претседатели траел час и половина.

Украинската делегација на преговорите бара повлекување на сите руски војници, вклучително и оние од Крим и Донбас – изјави советникот на шефот на претседателскиот кабинет Арестович.

Преговорите меѓу Русија и Украина започнаа денеска во регионот Гомел, потврди руското Министерство за надворешни работи. Според написите, делегациите биле пречекани од Владимир Макеи, шеф на администрацијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Можете да се чувствувате целосно безбедни. Тоа е наша света должност!“, рекол Мекеј, пренесува „Украинска правда“.

Весникот наведува дека почетокот на средбата бил емитуван на интернет, но дека преносот подоцна бил исклучен на барање на руската страна.

Руската делегација ја предводи советникот на шефот на државата Владимир Медински, а во неа се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана Александар Фомин и претседателот на Комитетот за меѓународни работи на Думата Леонид Слуцки, јави Тас.

Министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников е на чело на украинската делегација во која се советникот на началникот на Генералштабот Михаил Подољак, шефот на украинската делегација Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик-министерот за надворешни работи Николај Точицки.

Според украинската агенција Унион, клучна тема на преговорите ќе биде итен прекин на огнот и повлекување на руските војници од територијата на Украина.

Средбата на двете делегации се одржува во близина на реката Припјат на украинско-белоруската граница, јавија агенциите.

РИА Новости пренесува дека украинската делегација пристигнала со два хеликоптери.

Украинската страна претходно најави дека ќе бара итен прекин на огнот и руските сили да ја напуштат територијата на Украина.