16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Руските сили фрлија „вакуумска бомба“ на складиште за нафта во провинцијата Суми

Магацин за нафта гори по артилериско гранатирање во Охтирка во регионот Суми, пишува Киев Индипендент.

Според градоначалникот Павло Кузменко, руските сили наводно фрлиле вакуумска бомба на складиште за нафта во Охтирка, во провинцијата Суми во Украина.

„Повторно, непријателот води гнасна војна. Бомба со гориво-воздух беше фрлена на складиште за нафта, цистерни со нафта беа разнесени“, рече Кузменко во видеото поставено на Фејсбук, според преводот на Укринформ.

„Охтирка. Магацинот за нафта е погоден. 12:30 часот“, изјави Дмитро Живицки, шеф на регионалната државна управа на Суми, споделувајќи дополнително видео од инцидентот, на кое се гледаат обрачи од чад што се издигаат на небото.

„Постои опасност од улични борби! Бидете на безбедно место дома, држете се подалеку од прозорците“, рече Живицки на својот канал Телеграм.

Вакуумските бомби, познати и како аеросолни бомби или термобарично оружје, користат кислород од околниот воздух за да генерираат експлозија на висока температура. Нивната употреба е осудена од повеќе невладини организации.

Овој тип на оружје е познат како најсмртоносната ненуклеарна бомба, а произведува огромни експлозии и многу високи температури.

Спонзорирано: